Снежана Јаначкоска Богдановска - Сани е нашата најголема модна икона, која непосредно ги сведочи почетоците на македонската модна сцена како член на првата група македонски манекени во 80-тите, водејќи ја првата модна школа за манекени во „Музичка младина“ во 90-тите и со првата македонска емисија за мода „Меѓу човекот и сонот“ која две д
Снежана Јаначкоска Богдановска - Сани е нашата најголема модна икона, која непосредно ги сведочи почетоците на македонската модна сцена како член на првата група македонски манекени во 80-тите, водејќи ја првата модна школа за манекени во „Музичка младина“ во 90-тите и со првата македонска емисија за мода „Меѓу човекот и сонот“ која две декади го красеше нашиот медиумски ТВ простор. Со својот извонреден израз, знаење, капацитет и искуство, Сани оваа година заокружува 40 години кариера во модната индустрија.
Анастасија Стејси Марш Богдановска е единствениот македонски моден новинар кој е акредитиран и редовно ги посетува модните недели во светските модни метрополи, како Милано, Париз и Лондон, и зад себе веќе има 10-годишна кариера како интернационален моден новинар. Во Македонија својот критички осврт започна да го изразува преку пишани меди
Анастасија Стејси Марш Богдановска е единствениот македонски моден новинар кој е акредитиран и редовно ги посетува модните недели во светските модни метрополи, како Милано, Париз и Лондон, и зад себе веќе има 10-годишна кариера како интернационален моден новинар. Во Македонија својот критички осврт започна да го изразува преку пишани медиуми како повремен соработник, а своето телевизиско водителско деби го имаше со првата сезона на „House of Style“ оваа година.
„House of Style“ („Куќа на Стилот“) е ексклузивна колажна емисија, единствена по својот формат и содржина, посветена на модата и животниот стил, во која низ разговори во отвореното студио со познати гости од светот на модата, музиката и јавниот живот се третираат теми важни за
секојдневното урбано живеење и клучни за уживање на убавините на животот низ модата.
Иако модата не е многу по благото, користиме колачиња за анализа на веб сообраќај и оптимизирање на вашето вебсајт доживување... Со прифаќање на користењето на нашите колачиња вашите податоци ќе бидат агрегирани со податоците на другите корисници.